Од денеска фирмите сами ќе купуваат струја

Bez autora
Apr 01 2014

Од денеска 222 македонски компании со над 50 вработени и вкупен годишен приход поголем од 10 милиони евра, своите потреби за електрична енергија ќе ги задоволуваат на слободниот пазар. Со тоа официјално стапува на сила втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Според Акцискиот план за либерализација на пазарот, компаниите кои имаат повеќе од педесет вработени и вкупен годишен приход над 10 милиони евра, од 1 април 2014 година можат самостојно да учествуваат на пазарот на струја. Тие беа должни да се регистрираат како учесници и да склучат договор со снабдувач или трговец со струја, најдоцна 30 дена пред да станат официјално квалификувани потрошувачи. Засега останува неизвесно дали домашните фирми ќе плаќаат повисока цена на струјата отколку досега, затоа што таа очигледно ќе биде диктирана од пазарот и од условите кои ги нудат трговците со електрична енергија.

Од денеска фирмите сами ќе купуваат струјаОд денеска 222 македонски компании со над 50 вработени и вкупен годишен приход поголем од 10 милиони евра, своите потреби за електрична енергија ќе ги задоволуваат на слободниот пазар.

Со тоа официјално стапува на сила втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Според Акцискиот план за либерализација на пазарот, компаниите кои имаат повеќе од педесет вработени и вкупен годишен приход над 10 милиони евра, од 1 април 2014 година можат самостојно да учествуваат на пазарот на струја. Тие беа должни да се регистрираат како учесници и да склучат договор со снабдувач или трговец со струја, најдоцна 30 дена пред да станат официјално квалификувани потрошувачи.

Засега останува неизвесно дали домашните фирми ќе плаќаат повисока цена на струјата отколку досега, затоа што таа очигледно ќе биде диктирана од пазарот и од условите кои ги нудат трговците со електрична енергија. Сепак, менаџерите на некои компании посочија дека со функционирањето на слободниот пазар ќе имаат помали трошоци за електрична енергија отколку досега. А, поевтинувањето, според нивните укажувања, би можело да изнесува и до 25 проценти.

Според одговорните во ЕВН „Снабдување“, над 120 компании потпишале договори за снабдување со струја. „Компаниите кои ни ја дадоа довербата ги имаат најповолните понуди што може да се добијат во почетокот на втората фаза од либерализацијата. Не само поволна цена, туку корисниците добиваат и искуство и сигурноста во снабдувањето, и од домашниот и од европскиот пазар, каде што ЕВН одамна е присутна и снабдува 3,3 милион корисници во Бугарија, Австрија и Македонија“, вели менаџерот на ЕВН „Снабдување“, Нико Берберу.

Тој додава дека токму пристапот до сите европски берзи и пазари на струја и' дава можност на ЕВН да им ја олесни на компаниите работата околу планирањето на потрошувачката.

„Оние кои потпишаа договор со нас, не мора да се грижат дали ќе ја потрошат целата побарана енергија или не. Нашето искуство и експертиза околу планирањето им стои на располагање и балансирањето на потрошувачката ќе биде наша грижа“, додава Берберу.

ЕВН „Снабдување“ ја оформи и втората балансна група. Првата, најголема, е на регулираниот пазар на струја, каде што се снабдуваат тарифните потрошувачи, вклучувајќи ги и 700.000 домаќинства и малите бизниси. Втората група вклучува 70 отсто или две третини од компаниите што од денеска излегуваат на отворениот пазар и ЕВН „Трејдинг“ за Југоисточна Европа.

За домаќинствата во Македонија либерализацијата на пазарот се предвидува да почне од 1 јануари следната година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik